„Лудо тесто": Нараснува тројно, стои една недела, со него се успева

 

Направете тесто кое го нарекуваат лудо. Нараснува огромно и погодно е за се, кифли, пица, леб, пецива…

 

  • 1 кг. брашно 
  • 2 дл. јогурт 
  • 2 јајца 
  • 1 дл. масло 
  • 4 дл. млеко 
  • 1 квасец 
  • 1 прашок за пециво 
  • 2-3 лажички сол

 

  1. Се матат јогуртот со две јајца и 0,5 шолји масло, 3 шолји млеко и кесе квасец со прашок за пециво и сол. 
  2. Се убаво се мати и меша. 
  3. Се додава и брашното во смесата, па се мати убаво со спиралните маталки од миксерот. 
  4. Се става садот со тестото во фрижидер, и се вади од него по потреба за се. 
  5. Може да стои и 7 дена.

 

Извор: Готви.мк

 

 

 

05.11.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа