Мукоски: Не го знам ставот на мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ откако даде зелено светло за старт на процесот за промена на Уставното име на Република Македонија, Крсто Мукоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ е неговата матична партија

 

Прашан дали и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат договорот, Мукоски рече дека се добредојдени сите пратеници што сакаат даго поддржат договорот.

 

-Не го знам конкретнот став на ВМРО-ДПМНЕ, нашата матична партија, меѓутоа би било добро да учествуваат и тие бидејќи сега нашата идеја е да направиме едно колективно помирување помеѓу сите партии, помеѓу сите етнички заедници, помеѓу различните вери, националности итн. Се надевам дека тоа тело ќе успее во својата работа и дека конечно такво едно тело и неговите придобивки од работењето ќе бидат во корист на целото општество. Дали тоа ќе биде така или не, ќе видиме. Меѓутоа, ние сме убедени дека тоа тело ќе вроди со успех дополнително што и од страна на владејачкото мнозинство без разлика дали тоа доаѓа од СДСМ или ДУИ или коалиционите партнери сме охрабрени дека и тие се заинтересирани да партиципираат и дадат активно учество во ова тело“ – вели Мукоски за процесот на помирување.

 

 

 

 

 

01.11.2018 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега