Девојка претепа обезбедување во дискотека во Скопје

Околу 01.00 часот во Полициската станица Карпош, 35-годишниот С.А. од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар  „8-ми Септември“, пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.

Тој не и дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

01.11.2018 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега