Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил се заби во автобус

 

Сообраќајна несреќа се слулчила вчера во Скопје, по што две лица се здобиле со телесни повреди.

 

Вчера во 18:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од 47-годишниот Г.Н. од Скопје и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од 42-годишниот Р.Р. од село Колари-кичевско.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото 40-годишниот М.Ј. од село Зајас-кичевско, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

30.10.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега