Грчките војници се против Преспанскиот договор

Грчки војници извикувале пораки кои се директно насочени против Преспанскиот договор.

Инцидентот се случил на традиционална воена парада, одржана вчера во Солун по повод сеќавањето на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна, пишува expres.mk

Дел од војниците на специјалната единица на резервата на грчката армија извикувале „Македонија е Грчка!“ додека поминувале покрај ВИП ложата во која седеле грчкиот претседател и други видни гости, пренесуваат повеќе агенции.

Согласно договорот од Преспа никој нема ексклузивно право да го користи ниту да го присвојува името Македонија.

Порталот пишува дека на вчерашната парада грчката полиција спречила група на демонстранти кои сакале да протестираат против Договорот од Преспа за промена на името Македонија.

 

 

 

29.10.2018 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега