Тепачка и пукање пред ресторан на бензинска пумпа на патот Прилеп-Македонски брод

На регионалниот пат Прилеп – Македонски брод вчера во 02:30 часот после полноќ, во ресторан на бензинската пумба три непознати лица физички ги нападнале 34-годишниот белгиски државјанин Д.М., и К.Д. Тепачката  била спречена од обезбедувањето на објектот.

По настанот, Д.М. и К.Д. со возило се упатиле кон Македонски Брод, и на приклучокот на регионалниот пат забележале моторно возило. Откако истото го одминале, се слушнал истрел од огнено оружје, но за среќа, нема повредени лица.

МВР превзема мерки за целосно расчистување на овој случај.

 

 

 

26.10.2018 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега