Драма на небото: Меган и принцот Хари биле во опасност - пилотот донел итна одлука

За време на слетувањето на авионот во кој биле Меган Маркл и принцот Хари во Сиднеј, се случувала вистинска драма.

Имено авионот во кој се наоѓал кралскиот пар, кој од Тонга се враќал во Австралија, за влакно избегнал судир.

Како што се дознало, пилотот одлучил на своја рака да го прекине слетувањето и да направи уште еден круг над аеродормот, а сето тоа поради друг авион кој пребавно се движел по пистата и никако не започнувал со полетувањето.

Од Кенсингтонската палата се уште не се огласија ниту коментираа за овој настан.

Сепак парот од авионот излегол со насмевка на лицата.

 

 

 

26.10.2018 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега