Во станот собирал купишта отпад - нови детали за пожарот во населбата Пролет

Пожар избувнал денеска претпладне во стан на улицата „Никола Карев“ во скопската населба „Пролет“.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е пријавен кај нив околу 11 часот и оти интервенирале со три возила и осум пожарникари.

Пожарот е изгаснат околу 12:20 часот.

Како што информираат од Сител, во станот биле собрани купишта алишта, стара постелнина, пластични гајби и шишиња.

Во опожарениот стан  повеќе од 20 години сам живеел средовечен маж, кој при интервенцијата на пожарникариоте денеска не бил во станот. Соседите реагираат дека навечер во неговиот дом покрај сметот што го собирал од контејнери прибирал бездомници и домашни животни. Пожарникарите од огнот спасија и мало маче. Луѓето кои живеат во истиот  влез велат дека станува збор за лице со нарушено психичко здравје и напаѓал луѓе. Иако подолго време барале помош од надлежните институции, ништо не било преземено.

-Одреден период беше на лекување и го пуштија, вели соседот Горан Тасески за Сител.

-Десетина физички напади, полицијата го бара, додал друг сосед

-Други луѓе влегуваат може зарази да ни пренесат, додал трет сосед.

-Апелираме до Општина Центар и до социјалните служби да презематнешто да помогнат да се расчисти ѓубрето, повикаа соседите.

 Причината за пожарот засега е непозната, а од МВР информираат дека се работи на случајот. Од министерството за труд и социјална политика тврдат дека лицето кое живее на посочената адреса не е евидентиран во нивниот систем и не е корисник на никаква помош од државата.

 

 

 

26.10.2018 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега