Куманово: Не му дозволувале да излезе надвор и со метална шипка му го уништиле автомобилот

 

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Б.Р. и 25-годишниот А.Р., двајцата од Куманово, за сторено кривично дело ,,насилство”.

На 27.07.2018 година, околу 14:00 часот, во Скопје на  улица „Трета Македонска ударна бригада” на крстосницата кај бензинска пумпа пријавените со патничко моторно возило „Алфа Ромео” му го попречиле правецот на движење на возило управувано од С.Н., на кој почнале да му упатуваат закани, а кога истиот застанал пред пешачкиот премин, првопријавениот со туркање на вратата не му дозволил да излезе од возилото, а второпријавениот со употреба на метална шипка го оштетил ретровизорот и предната шовершајбна на возилото.

 

 

 

26.10.2018 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега