Запалил стрниште и си заминал - несовесен кочанчанец предизвикал голем пожар
Вчера несовесен кочанчанец околу 14 часот во близина на селото Мојанци во Кочани, запалил стрниште во нива, по што си заминал оставајќи го огнот да гори.
Силниот ветер кој беснеел предизвикал пожарот да ги зафати околните ниви, како и две помошни простории во сопственост на сопственост на 57-годишните И.С. и С.М. кои за жал целосно изгореле.
За среќа, од пламените јазици нема повредени лица, а причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.
Пожарот бил изгаснат по два часа од страна на противпожарната екипа на Кочани.
22.09.2013 - 13:32
Фото:
Сител