Тетово: Му ги објавил фотографиите и телефонскиот број со недолична содржина на Фејсбук поради откажана нарачка
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 23-годишниот Х.И. од Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“.
-На 28.08.2018 година на социјалната мрежа „Facebook“ во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33 годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број, од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина, информираат од МВР.
26.10.2018 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа