„Рикна“ УЈП - фирмите не можат да платат ДДВ

По три дена проблеми со електронскиот систем на Управата за јавни приходи, сметководителите успеаја да издејствуваат два работни дена продолжување на рокот за доставување на ДДВ-пријавите, пишува весинокт Независен.
По закон, даночните обврзници што се регистрирани да прават месечни и тримесечни пресметки за данок на додадена вредност, задолжително по електронски пат требаше да достават ДДВ-даночна пријава заклучно со 25 октомври. Но и сега, како и изминативе години, токму кога ќе почне масовното доставување на пријавите, системот паѓа.

Рокот за поднесување ДДВ-пријава е одложен до 29 октомври.

УЈП тврди дека има капацитет за обезбедување стабилност на системот и негова надградба и дека вложува максимални напори за спроведување на  реформите што се во тек.

 

 

 

 

26.10.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега