Земјотрес ја стресе и Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, од ноќеска 26.10.2018 година ја следи сеизмичката активност и регистрира повеќе земјотреси кои се наоѓаат на 550 km  југозападно од Скопје, во соседна Грција во подрачјето на субдукционата зона западно од полуостровот Пелопонез. Најсилниот земјотрес се случи  во 0 часот и 54 минути и беше со Рихтерова магнитуда од 6.8.

Земјотресот беше почувствуван и на цела територијата на Република Македонија особено на повисокирте катови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

 

 

 

26.10.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега