Тешка сообраќајка пред Штип: Германско Ауди излета - двајца во болница

Две лица се повредени од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила во близина на Штип кај селото Кадрифаково, информира МВР

„На 25.10.2018 година во 20.00 часот на магистралниот пат Штип - Велес (помеѓу село Криви Дол и село Кадрифаково), се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје, додека со телесни пoвреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско. Извршен е увид на местото на настанот.“ – велат од полицијата.

 

 

 

26.10.2018 - 12:34
Фото: 
Архива

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега