Нинџа, Кољо, Ќосето и Југ се собрале во ресторанот „Дион“ пред да влезат во Собранието

 

Во Кривичниот суд денеска се прегледуваат снимките од безбедносните камери за настаните на 27. април минатата година во Собрание.

Обвинителката Ивана Трајчева по снимките од собраниската сала, презентира снимки од видеокамерите над ресторанот „Дион“ и „Стопанска банка“ на кејот на Вардар, пренесува „Макфакс.

 

Обвинителката ги презентира снимките од критичниот ден од 16 и 30 часот, кога почнуваат да се собираат обвинетите. Таа ги посочи обвинетите Никола Митревски Кољо, кој, како што рече го носи истиот елек како елекот кој обвинетиот денеска го носи во судницата, потоа, Захарије Симовски, Горанче Ангеловски Ќосето, Стефан Младеновски, Илија Славевски, Александар Василевски Нинџа и Митре Питроповски.

Потоа во „Дион“ доаѓаат 6 НН лица, меѓу кои и обвинетиот Игор Југ.

На видеоснимката од камерата се гледаат и други  НН лица како постојано влегуваат и излегуваат од ресторанот. Според обвинението, во ресторанот биле поделени фантомките на напаѓачите кои пред 19 часот влегоа во собраниската зграда.

 

 

 

22.10.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега