Започна борбата: Пејачката поднесе барање за одземање на старателството од Раста - ќе разговараат само на суд
Ана Николиќ, според пишувањата на сропските медиуми, поднела барање за старателство над ќерката Тара која пред една година ја доби со раперот Стефан Ѓуриќ – Раста.
Медиумите наведуваат дека односот меѓу овој популарен пар не се подобрил и единствен начин преку кој тие комуницираат се адвокатите и судот.
Се шпекулира дека Ана бара ќерката да и припадне во целост, додека Раста би можел да ја гледа повремено, зависно од одлуката која ќе ја донесе судот.
Пејачите не се огласија во врска со овие информации, а нивниот адвокат не сакал да открива никакви детали.
20.10.2018 - 12:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа