Костадинов: Лагите и шпекулациите за уцени и поткуп ВМРО-ДПМНЕ нека ги докаже на суд

Претеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција реагираше на обвинувањата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој обвини за уцени и поткуп на пратеници со цел гласање за уставните измени.

– Антизападното и антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ лаже. Ги демантираме лагите дека мнозинството прави притисок или на било кој пратеник му се нудени пари или му е заканувано, рече Костадинов и најави оти за таквите обвинувања ќе бидат поднесени тужби.

– Овие огромни лаги, во клучни моменти за иднината на земјата, нека ги докажат на суд, рече Костадинов.

Според него, Мицкоски ги поминал сите граници.

– Новинарите се сведоци за атмосферата во Собранието, пратениците слободно се движат и комуницираат. Мицкоски и Груевски љубат само криминал, а не Македонија, рече Костадинов.

Тој ги повика пратениците слободно да делуваат и да му се спротивставеле на антизападниот Мицкоски.

Костадинов повтори дека седницата ќе започне во 21 часот и дека по дискусијата ќе се види дали има двотретинско мнозинство за пристапување кон измени на Уставот.

– Правиме напори да ги ослободиме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат слбоодно, рече Костадинов на прашање зошто се одложува седницата.

 

 

 

19.10.2018 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега