Ќе се гласа ли денеска: Сите пратеници во Собрание - седницата касни цел час

Стартот на собраниската седница на која може да се пристапи кон гласање за промена на Уставот касни скоро еден час.
Според нашиот репортер на терен, во Собранието се присутни скоро сите пратеници. Дојдени се и оние кои се наоѓаа во куќен притвор а неодамна беа ослободени. Според неофицијалните информации за отсутни се пријавени само пратениците Крсто Мукоски, Васил Пишев и Никола Попоски.

Нема информација зошто доцни стартот на седницата, особено ако се знае дека веќе одамна е обезбеден кворум па во таква атмосфера околу целиот процес кружат серија шпекулации, од таа дека денеска ќе помине гласањето, па се до информации дека ќе се чека посетата на Палмер на крајот на оваа и почетокот на наредната недела, па ако неговиот притисок вроди со плод да се гласа од понеделник.

За власта да ги протурка уставните измени низ првата фаза и треба поддршка од 81 пратеник, што во секоја комбинација значи дека некој од ВМРО-ДПМНЕ мора да го притисне зеленото копче за оваа процедура да не пропадне.

 

 

 

 

19.10.2018 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега