Идната недела стрелките на часовникот одат еден час назад можеби за последен пат
Идната недела, во 3 часот наутро стрелките се враќаат еден час назад. Промената која треба да се направи утрото на 28 октомври можно е да биде последна.
Повеќето од граѓаните на ЕУ во онлајн-анкета спроведена неодамна се изјасниле дека се против поместувањето на часовникот двапати во годината, а резултатите од анкетата денеска и официјално ќе ги претстави Европската комисија, објави „Дојче веле“.
Повеќе од 80 учесници во анкетата се против поместувањето на часовникот, објави германскиот весник „Вестафаленпост“ повикувајќи се на неименувани извори во Брисел.
Зимското сметање на времето почнува кон крајот на октомври кога стрелките на часовникот се враќаат еден час назад.
Иако денот се уште трае до 18 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнитено ќе придонесе за тоа, па така, веќе од идната недела ќе биде темно пред 17 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа