Јане Ченто бара укинување на притворот: Нема да избегам и да го оставам синот
Со недвижен имот, проценет на повеќе од 526.000 евра, обвинетиот Јане Ченто, на Јавна седница во Апелациониот суд во Скопје, гарантира дека нема да избега и бара да му се укине куќниот притвор.
- „Јас, почитуван суде, нема да бегам! Бегаат само кукавиците! Јас нема да побегнам од мојот син. Оваа гаранција, од безмалку 530.00 евра, ја обезбедија седум семејства. Мои роднини пријатели. Јас сигурно нема да им донесам неволја на тие луѓе. Впрочем, јас пред 'Шутка' бев еден месец во куќен притвор и да сакав да бегам - ќе избегав!“ рече тој.
18.10.2018 - 18:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа