Владата го праша Тинекс: Што се случува со Македонско Село

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), како надлежна за стопанисувањето на објектите во сопственост на владата, известува дека Владата на Република Македонија не беше запознаена за намерата, ниту информирана за одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи - се вели во соопштението на владината прес служба.

 

„Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку 6 месеци однапред.

 

СОЗР денеска ќе ги покани претставниците на менаџментот на концесионерот утре на состанок да информираат за причините за нивната одлука.

 

Од таа средба со менаџментот на концесионерот на „Македонско село“, и од разговорот за новонастанатата ситуација, СОЗР ќе постапи согласно одредбите регулирани со договорот за концесија.“ - се вели во соопштението.

Утрово менаџментот на Македонско Село на социјалните мрежи најави дека од утре става клуч на врата. Причините не се откриваат.

 

 

 

 

 

17.10.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега