Летото си оди - денеска ни пристигнува есента

Денеска во 22 часот и 44 минути започнува есента. Во исто време, за жителите на јужната земјина полутопка почнува пролет.  Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.

Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри.

Во Скопје Сонцето ќе изгрее во шест часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

22.09.2013 - 10:18
Фото: 
телма

најчитано сега