Заев понуди амнестија за 27. април

Премиерот Заев денеска од говорница побара помирување по настаните од 27. април.

- На 27. беше кулминација, ќе се убиевме пред очите на сите. Прилика е да си простиме и да си кажеме доста е, браќа сме и сестри, роднини и пријатели во Македонија, истакна тој.

Вели прва мета бил тој, па дури и опозицијата и ги повика да признаат дека се плашеле.

- Да си подадеме рака и да си простиме, треба прво ние за да се помири и народот, истакна Заев.

Рече знае дека тоа има цена и тоа политичка и подготвен е да ја плати.

 

 

 

15.10.2018 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега