Заев: Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент

На денешната комисиска расправа премиерот Зоран Заев испрати апел до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да размислат, како што рече, до самиот крај пред носењето одлука за уставните измени со кои ќе се спроведе Договорот со Грција. На претходен говор на прататеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, дека е најстрашно да се менува името спомнато во библијата, Заев возврати дека името само се појаснува.

-Никој не го чепка името Македонија, туку само се појаснува, било библиско или какво сака да е. Дајте да појасниме дали некој има територијални претензии. Што, ќе го освојуваме Солун? Знам дека никој нема територијални аспирации. Знам дека одговорноста за НАТО и ЕУ е на сите. Разговарав со сите пратеници и знам дека има огромен број на пратеници опозицијата на кои тешко им паѓа помислата што ако се испушти оваа шанса. Подобар договор нема, да видиме дали можеме со уставните измени да ги приближиме ставовите. Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и вески не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент, немаме 2/3 мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница, граѓаните ќе бараат одговори. Дали сме биле на ниво на историската одговорност. Дајте да ја обезбедиме оваа држава – рече Заев.

 

 

 

12.10.2018 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега