Самка: Каменос ќе гласа и оро ќе игра, Договорот е за чисти души балкански

Пратеникот и лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, порача денеска дека ќе гласа за уставни измени.

-Уставот не е пишуван на камен, ова е голема шанса која не треба да се испушти. За прв пат нашите соседи се пријателски расположени кон нас, што не било така никогаш до сега. Почитувани пратеници не ни ставајте сопки на патот кон ЕУ, дајте да се договориме. Долги години сме во транзиција, повеќе одиме назад отколку напред. Сите други земји од регионот од напред, ние заостануваме. Да гласаме за НАТО и ЕУ. Овој Договор е за чисти души балкански. На големите патрити само едно имам да им порачам: „какви се тие патриоти за Македонија душа дава, а рака во буџет става“. Искрена препорака следете не нас Ромите ние знаеме да ги следиме најдобрите и вистинските сојзуници, овој пат сме со вистински сојузници, рече Ибраимовски, додавајќи дека Каменос ќе гласа и оро ќе игра.

 

 

 

12.10.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега