Заев: Не се нудат пари на пратениците за да гласаат

Гласот на пратениците ќе ја определи иднината на Македонија. Вистинската опција е парламентот, а не предвремените избори, порача денеска премиерот Зоран Заев во врска со уставните измени кои што ги предложи Владата, а кои треба да влезат во собраниска процедура.

 

Премиерот истакна дека не треба да се изгубат месеци во нови избори, не треба да се изгуби ниту еден ден за државата.

,,Да бидеме максимално фокусирани преку парламентот. Јавноста е заморена од избори, кои лошо влијаат и на економијата”, рече Заев

.Во однос на тоа али ќе ја добијат и поддршкаат од опозициските пратеници, тој рече дека само во моментот на одлучување и на дебата во Собранието ќе може да се види дали постои поддршка.

„Не може да се каже дали е обезбедено двотретинско сега, тоа ќе се види низ дебатите во Собрание. Јас разговарав лично со пратениците и видовме дека има прогресивна маса која е доволно сериозен мотив. Овие денови парламентот се надевам ќе има дебата. Морам да ги отстранам сите шекулации за некакви пари и незгодни состојби, ова мора да е благопријатна состојба. Секој пратеник е еднакво важен“, рече Заев.

Во однос на објавите дека се обезбедени 80 пратеници, премиерот вели дека процесор не е математика и бројки, туку ќе се посттигне преку разговор и мотивација за одговорност.

 

 

 

09.10.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега