Заев: Пратеници, време е!

Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален фб профил со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на статешките приоритети на земјата - членството во НАТО и ЕУ.

„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор“, напиша Заев.

Вчера Владата до Собранието ги достави четирите амандмани за уставни измени, за кои треба да се изјаснат пратениците во законодавниот дом.

 

 

 

09.10.2018 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега