Нападнат луксузен трговски центар во Кенија

 

Денеска во  главниот град на Кенија, Најроби бил нападнат луксузниот трговски центар, нападот се случил откако внатре влегле неколку вооружени мажи, соопшти полицијата.

Половина час по нападот полициските сили го опколиле трговскиот центар „Вестгејт мол“, кој најчесто е посетуван од богатите Кенијци и странски туристи.

Од полицијата не соопштуваат за жртви во инцидентот, но некои западни медиуми тврдат дека виделе пет тела на убиени.

Напаѓачите се обиделе да извршат кражба во една од продавниците, смета началникот на полицијата во Најроби, Бенсон Кибуе.

21.09.2013 - 13:46

најчитано сега