Од идната недела ќе запролети - доаѓаат температури над 15 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според УХМР; во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.
Трендот на раст на температурите ќе продолжи и по викендот. Во текот на целата наредна недела ќе имаме облачно време но и температури кои нема да одат во минус ниту во утринските часови.
За време на идниот викенд на некои места ќе има и температури кои ќе надминуваат 17 степени.
Прогнозите се слични и за првата недела од февруари со тоа што се најавува разведрување кое на средина од оваа седмица ќе ги спушти утринските температури под нулата а дневните нема да одат над 10.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа