Силно невреме зафати делови на Македонија - жителите велат не паметат таков град

Силно невреме проследено со град денеска напладне ја зафати Преспа.

Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јабоката, чија берба е во полн ек.

Јаболкопроизводителите посочија дека штетата од градот ќе се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври. 

 

 

 

08.10.2018 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега