За 150 евра обезбедувал мобилен во затворот - притвор за чуварот од Штип

Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик.
Лицето вработено како чувар во Затвор – Штип примило парични средства во износ од 150 евра за да внесе мобилен телефон во затворот и истиот да го предаде на еден од затворениците.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување на мерка – притвор, кој предлог беше прифатен од страна на судијата и со Решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
08.10.2018 - 17:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа