Ресен: Драма во ноќен клуб - полицаец морал да употреби оружје
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 25-годишниот Ц.К. од село Волкодери, ресенско за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење на работи на безбедноста“ и против 36-годишниот Е.Б., 31-годишниот Џ.Ш. , 30-годишниот С.К. и 24-годишниот О.Ф., сите од Ресен за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 28.08.2018 година околу 03,15 часот пред ноќен клуб во Ресен при преземање мерки во врска со нарушен јавен ред и мир, полициските службеници од Полициска станица Ресен биле, физички нападнати од Ц.К. од село Волкодери, а додека истите го приведувале, четворицата пријавени физички ги нападнале полициските службеници, при што полицискиот службеник во знак на предупредување од службениот пиштол испукал проектил во воздух.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа