Поранешниот вереник на Ким Кардашијан го продава нејзиниот веренички прстен
Прстенот вреден околу 2 милиона долари кој Ким му го врати на поранешниот вереник Крис Хамфриз, се продава.
После бракот кој траеше само 72 дена, Крис одлучил да го продаде прстенот кои и го подарил на ѕвездата.
Прстенот вреден 2 милиона долари, тој го ставил на аукција, а почетна цена му е 300.000 долари.
Медиумите пишуваа дека прстенот, таа сама си го платила. Сепак Крис го имал правото на него, а сега решил да се ослободи.
„Ким знаеше дека тој еден ден ќе се ослободи од него“, вели извор за US Weekley.
Toj изјавил дека парите од продажбата ќе ги подари во хуманитарни цели.
21.09.2013 - 13:03