Македонецот кој избега од психијатриска болница во Швајцарија и усмрти жена ослободен поради психичко растројство

Судот во Базел го прогаси за неодговоен за извршеното кривичното дело 29-годишниот Македонец Ристе Л. роден во Швајцарија, кој минатата година во март усмрти една жена и повреди седум лица.

Според порталот на албански јазик во Швајцарија, Албинфо, Ристе боледувал од тешка форма на шизофренија, па затоа судот му одреди мерка „упатување во клиника од затворен тип“.

За потсетување, Македонецот во март минатата година избега од една прихијатриска болница, украде автомобил, и при неговото неконтролирано управување по градските улици, усмрти една жена со велосипед додека други седум пешаци завршија во болница.

Кога бил испрашуван, во врска со неговото бегство од болницата, Ристе изјавил дека „слушал гласови кои го повикувале да оди во Македонија“. Тој исто така изјавил дека не сакал никого да повреди туку само да се ослободи и да побегне во Македонија. 

21.09.2013 - 12:57

најчитано сега