Малкумина знаат за пеколот низ кој помина пејачката на Гранд: „Мамо, јас не можам да одам!“

 

Малкумина знаат за најголемата несреќа на пејачката Вики Миљковиќ од Гранд.

Имено, нивниот син Андреј имал само седум години, кога се разбудил едно утро целосно парализиран со зборовите: „Мамо, јас не можам да одам“! За родителите, ова бил најлошиот кошмар, а состојбата на нивниот син се влошувала. Следела тешка борба, која за среќа успеале да ја победат.

Тој сега има 11 години и сее во ред со него.

- „Андреј  неколку дена имаше висока температура која не можевме да му ја спуштиме ниту со сирупи, капење, облоги од алкохол… Не помогна ниту еден лек, ниту оние бабините. Бевме на лекар да му се направат анализи на крвта, а потоа температурата му спадна и тоа беше прва вечер  Андреј нормално да спие. Таман кога мислев дека му поминува, утрото ме разбудија неговиот плач и повиците за помош дека не може да застане на нозе. Се пресеков. Тоа беа најстрашните моменти во мојот живот…  Да не му се случи повторно никогаш и никому“ – раскажува  пејачката по драмата со која се соочиле таа и нејзиното семејство.

За среќа тие денови се зад нив.

 

 

 

 

 

06.10.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега