Студенти побрзајте: Во студентските домови останаа уште 1.232 слободни кревети

Во студентските домови во земјава има кревети за уште 1.232 студенти. Од денеска започнува третиот оглас за пријавување на студентите во студентските домови кој ќе трае до 15 октомври.

Овој оглас, трет по ред,  нема одвоена категоризација и важи за сите студенти од прва до шеста година.

Македонскиот министер за образование, Спиро Ристовски, ги повика сите студенти кои не добија кревет во студентските домови со претходните два огласи, повторно да аплицираат, со соодветната документација. Треба само да се дополнат документите за кои им било посочено дека поради неправилноста се причина што не добиле место во студентски дом.

Инаку, во текот на претходните два огласа се  пополнија 5.137 места.

 

21.09.2013 - 12:20
Фото: 
Денешен

најчитано сега