Пекинг бара договор за уништување на хемиското оружје во Сирија

Кина побара што е можно побрзо спроведување на американско-рускиот договор за уништување на сириското хемиско оружје, изразувајќи надеж дека кризата во оваа земја ќе се реши по дипломатски пат.

- Пекинг „остро се спротивставува на употребата на хемиско оружје“. Итно бараме да се одржи втора конференција во Женева за прекин на судирите во Сирија, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Шефот на кинеската дипломатија додаде уште дека политичкото решение е единствен вистински пат за решавање на сириската криза, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

- Сметаме дека политичкото решение е единствен вистински пат за решавање на сириската криза, нагласи шефот на кинеската дипломатија.

Сирија вчера испрати до Организацијата за забрана на хемиско оружје „почетна декларација“ во која е изложена нејзината програма за хемиското оружје.

Портпаролот на Организацијата, Михаел Лухан изјави дека - Оваа декларација „ја разгледува одделот за верификација на Организацијата“, додавајќи дека нема да се објавуваат детали за тоа што е наведено во документот, изјави портпаролот на Организацијата, Михаел Лухан.

21.09.2013 - 12:24

најчитано сега