Се огласи Бојаџи: Во мојот дом имаше претрес, татко ми е приведен

Режисерот Јани Бојаџи потврди дека во неговиот дом во Струмица полицијата вршеше претрес.

-Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас, напиша тој.

 

 

 

05.10.2018 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега