Франција ќе се обиде двојно да ја намали потрошувачката на енергија

Фрацускиот претседател Франсоа Оланд посакува да ја намали потрошувачката на енергија за 50 отсто до 2050 година.

Според него, ако се намали потрошувачката на енергија можат да се заштедат од 20 до 50 милијарди евра, почнувајќи од 2030 година.

Француските експерти велат дека тоа значи намалување за три до шест пати на енергетската фактура на Франција.

Оланд за време на конференцијата посветена на прашањата поврзани со екологијата, која завршува денеска, најави дека од 2014 година ќе биде поедноставен еколошкиот кредит со каматна стапка од нула отсто, како и со премија од 1.350 евра за најскромните семејства кои ќе треба да придонесат за подобрување на изолацијата на станбените објекти.

Од ова се очекува да произлезат и други мерки како ако намалување на ДДВ-то на пет проценти за градежните зафати кои треба да придонесат за подобра изолација на домовите, но пред се конференцијата е гарант за владејачката коалиција пред престојните локални избори следната година, упатена до зелените и еколгистите, кои очевидно не се задоволни од досегашната владина политика во заштитата на природата.

Претседателот на Франција пред учесниците на конференцијата инсистираше на европската улога во прашањата за енергетска транзиција

 

. Меѓу другото тој најави дека ќе предложи Европа да има за цел да ја намали за 40 отсто емисијата на штетни гасови која предизвикува ефект на стаклена градина во однос на емисиите од 1990 година.

21.09.2013 - 12:04

најчитано сега