Полицајка навредувана и физички нападната од девојка во Скопје

Полицајка била навредувана од 24-годишна девојка вчера во Скопје.

24-годишната А.К. била приведена неколку минути по извршувањето на кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, информираат од МВР.

На паркинг простор на улица „Крушевска Република“ полициска службеничка се обидела да изврши проверка на идентитет на А.К. , која претходно поминала на пешачки премин на црвено светло.

А.К. не застанала, ја навредувала полициската службеничка, ја оттурнала од себе и побегнала.

Неколку минути подоцна таа била пронајдена и приведена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

05.10.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега