МВР распиша меѓународна потерница за Зоран Божиновски за „Шпион“

МВР на барање на Судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени во случајот Шпион, дознава Press24 од полициски извори. На сите тројца Истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство.
Меѓу нив е и уредникот на порталот Буревесник, Зоран Божиновски. Тој преку социјалните мрежи рече дека нема сам да се предаде и дека ќе чека да биде екстрадиран од земјата о која се наоѓа. Се закани дека ќе ги разотркие сите документи кои во македонија се водат во истрага, која поради нивната сензитивност е тајна.

„Ако судот реши да распише по мене меѓународна потерница, ќе мора низ процес на екстрадиција да ме бара од државата која ќе ме уапси и ќе ме внесе во екстрадиционене притвор. Потоа тој ист суд ќе треба на таа држава да и испрати валидна документација преку која ќе докаже дека сум шпион, учесник во злосторничка група и уценувач. Таа документација ќе му е достапна и на мојот адвокат кој ќе ме застапува во тој предмет на моја екстрадиција. Судот од РМ нема да го уцени тој адвокат како оние шупелки адвокати во Скопје да потпише тајност. Па таа документација ќе ја скенираме и ќе ја објавиме веднаш. Така ќе им се плукнам на посраната тајност на истрагата и идниот трагикомичен таен процес во Македонија“ - напиша Божиновски на Facebook

21.09.2013 - 11:52