ВИДЕО: Прозор од зграда паднал врз човек - стаклото само се срушило и убило човек

Врз човек кој минувал по улица во центарот на Лондон, од врвот на една зграда се срушило стакло и го убило на лице место.

Луѓето кои биле сведоци на оваа трагедија останале шокирани од морничавата глетка. Полицијата ја истражува причината за несреќата. Маж на околу 50 години загинал откако врз него во вторникот утрината паднал прозор од луксузна зграда во центарот на Лондон.

Службеници на Итна помош веднаш пристигнале на местото на настаот, но за мажот немало спас и на нив било остамо да констатираат смрт.

Минувачот Педи Рајли за британскиот Скај њуз изјавил дека го видел човекот под рушевините минувајќи со автомобилот покрај станбената зграда. Човекот лежел под скршеници од стакло, кое му отсекло половина глава.

„Имаше многу крв и беше тажно и ужасно. Имаше многу луѓе и работници надвор, но никој не пријде во близина на човеко“, рекол Рајли.

 

 

 

05.10.2018 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега