Стојаноска: Ќе одбијам средба со Заев, распишете избори, не гласаме за амандманите

Пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на вечерашната дебатна емисија на ТВ 24 изјави дека пратениците нема да гласаат за уставните амандмани за промена на името и му порача на потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири да не губат време и веднш да одат на избор. Таа кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена и нема да гласа за промени на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

Стојаноска порача дека доколку премиерот Зоран Заев ја повика на средба нема да оди, бидејќи прво не знае во кое својство Заев како претставник на извршната власт би ја повикал и категорично рече дека ќе одбие таква средба.

Стојаноска не одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите, но рече дека ставот да не се гласа за уставните амандмани е зклучок на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

04.10.2018 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега