ВИДЕО: Изгоре семејна куќа во Скопје - 15 пожарникари на терен

Голем пожар го зафати брдото над скопски Жданец, а црн чад може да се забележи веднаш над населбата.

Екипите на скопската противпожарна бригада се уште се во скопски Жданец. Како што командирот Звонко Томески информира за „Република“, се запалило приземјето на семејна кужа на улицата „Теодосиј Синаитски“.

-Се уште сме на лице место во Жданец, се работи на догаснување и расчистување на пожарот со кој брзо се справивме, вели Томески за „Република“.

На лице место веднаш се упатиле пет пожарни, а понатамошно ширење и поголема штета спречиле 15 пожарникари.

 

 

 

04.10.2018 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега