Во Пјонгјанг е одложена средбата на семејствата кои биле раздвоени за време на Корејската војна

Денеска властите во Северна Кореја, соопштија дека планираната средба на семејствата кои биле раздвоени за време на Корејската војна, која требаше да се одржи минатата недела, се одложува на неодредено време.

Оваа одлука на Пјонгјанг ја донесе поради тоа што, конзервативните сили на Јужна Кореја го користат тоа за јакнење на конфронтациите.

 Шeстдневните средби требаа да започнат в среда во Маунт Кумганг, северно од милитаризираната граница, а се сметаа за важен елемент во затоплувањето на односите меѓу Северна и Јужна Кореја, кои беа во војна од 1950 до 1953 година.

 

 Средбите на раздвоените семејства и роднини ќе бидат одложени се додека не се создаде нормална артмосфера во која ќе бидат можни преговори, соопшти северкорејскиот Комитет кој е одговорен за односите со Сеул.

21.09.2013 - 10:39

најчитано сега