Видео: Шестгодишно дете е вистински херој - приказна која го трогна светот

 

Деновиве светот го одушеви вест за 6-годишно девојче кое само се грижи за парализираниот татко откако мајката ги остави. Посветеноста и љубовта на малата Ѓа Ѓа од Кина допре до милиони срца.

Имено, Ѓа Ѓа и таткото Тјен биле напуштени од нејзината мајка во 2016 година, по страшната сообраќајна несреќа во која тој едвај преживеал. Мајката со себе го одвела и постариот брат на Ѓа Ѓа.

Веќе две години, инспиративното девојче прави сè што е потребно за да му го олесни животот на татко си и се грижи за семејниот дом.

 Ѓа Ѓа станувала во 6 часот наутро и започнувала да му ги масира мускулите на татко си. Потоа му помагала да јаде, да се измие заби и лице, а дури потоа одела на училиште. Додека е во школо, за Тјен се грижеле неговите родители.

Дедото на Ѓа Ѓа направи справа која ѝ помага да го преместува татко си од креветот во количката. Тјен вели дека најтешкото за неговата ќерка е кога треба да го пренесува низ куќата, бидејќи е многу потежок од неа.

 

 

 

 

 

03.10.2018 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега