Стојаноска: Ја приведоа сестра ми за да ме уценат да гласам

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во гостувањето во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа вели дека во неделата вечерта се соочила со непријатна ситуација кога ја привеле нејзината сестра, со образложение дека наводно таа и уште 4 други лица фотографирале со мобилен телефон пред избирачкото место. Како што нагласи таа во текот на денот на референдумот, партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар бил набљудуван од луѓе на Министерството за внатрешни работи.

-За разлика од нашите активисти, активистите од СДСМ слободно и непречено се движеа низ градот. Имаше случај каде што четворица во подоцнежните вечерни часови се појави и петто пријавен во полиција, пријавени дека наводно фотографирале со мобилни телефони пред избирачкото место. Луѓето беа приведени од општинската организација од нашиот штаб имено и целиот штаб тој ден беше набљудуван од страна на луѓе на МВР и беа приведени 5-мина од кои една жена, а таа жена е мојата сестра, вели Стојаноска.

Нагласи дека со ваквото насилно однесување со активистите на ВМРО-ДПМНЕ, како и со приведувањето на нејзината сестра пробуваат да ја уценат и директно да и се заканат нејзе за изнесувањето на нејзиниот став дека нема да гласа на референдумот, како и дека нема да гласа за уставните измени во Собранието на Македонија.

-Можеби целта им била да дојдат до мене или можеби она што следува понатаму на некој начин да бидам уценета и заплашена меѓутоа многу лоша тактика избрале, им порача Стојаноска.

 

 

 

02.10.2018 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега