Шпионски софтвер прикриен како Firefox ве следи на Интернет?

 


(Мапа на држави каде што е инсталиран софтверот. Клик за поголема верзија)

Опасен шпионски софтвер се прикрива за пребарувачот Firefox и ги следи сите Ваши активности на Интернет. Станува збор за програмата Finfisher кој компанијата Gamma Intenational ја произвела за да се следат криминалците преку Интернет. Но истражувачките на Citizen Lab од Универзитетот во Торонто предупредуваат дека софтверот почнал да се користи нелегално. Меѓу 36 те земји во кои канадските истражувачи пронашле сервери на Finfisher се наоѓа и Македонија. Според нивниот извештај во земјава им сервер кој може да испрати штетен софтвер до Вашиот компјутер, прекриен зад популарниот пребарувач Mozilla Firefox и потоа преку него, да следи се што правите на Интернет. Софтверот може да криериа и да испраќа скриншатови од вашиот монитор, да прегледува низ вашите електронски пораки па дури да ја вклучи вашата веб камера и микрофон. Како што велат канадските научници, Finfisher е отпорен на сите популарни антивирусни програми, па практично не невозмжно да биде детектиран пред да се инсталира на вашиот компјутер. Покрај Македонија, во опкружувањето софтверот се користи и во Бугарија, Србија, Унгарија, Австрија и Турција. 
Научниците предупредуваат дека е развиена и мобилна верзија на овој софтвер што значи дека може да се закачи и на вашиот телефон и да испраќа податоци од него.

најчитано сега