СДСМ: Во недела граѓаните нема да седат дома туку ќе излезат на референдумот за иднината

СДСМ со соопштение пред референдумот во недела:

Во недела граѓаните носат историска одлука за нивната и иднината на државата.

Огромното мнозинство граѓани во недела ќе го искористи демократското право, нема да седат дома туку ќе излезат и ќе гласа на референдумот за иднината.

Како и да одлучат да гласаат граѓаните, тоа трајно ќе влијае врз нивниот живот, врз иднината на државата и иднината на следните генерации. Граѓаните одлучуваат слободно и без притисоци на демократски референдум и ќе гласаат ЗА европска Македонија.

Надлежните институции работат професионало и посветено и гарантираат спроведување на фер, слободен и демократски референдум, на кој ќе одлучуваат граѓаните. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз процесот на гласање ќе биде соодветно санкциониран.

Од Мицкоски зависи да ќе продолжи да биде против иднината и ќе остане изолиран во своето деструктивно однесување.

Граѓаните се обединети и в недела масовно, слободно и без притисоци ќе гласаат за иднина во ЕУ и НАТО. Огромното мнозинство граѓани ќе заокружи ЗА европска Македонија.

 

 

 

27.09.2018 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега