Ципрас: Со Договорот од Преспа решивме тридецениски спор

 За улогата на Грција во регионот и за Договорот од Преспа кој решава тридецениски спор, говореше меѓу другото, грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќањето пред грчките иселеници на приемот организиран во негова чест во Генералниот конзулат на Грција во Њујорк.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас рече дека изборот на владата е да го надгради присуство и улогата на Грција на Балканот „како водечка земја кој решава децениски проблеми, која не се крие и која игра стабилизирачка улога во регионот“.

 

- Затоа и го направиме овој тежок, но ве уверувам, со длабоко чувство на патриотска должност, договор со нашите северните соседи, истовремено гарантирајќи го најважното нешто кое за нас е нашата историја, историјата на нашата Македонија, античката грчка историја на Македонија. Се решивме на овој избор што истовремено ни дава можност да решиме тридецениски спор, но и да ја надградиме геополитичката улога и важноста на земјата, бидејќи сакаме Грција да е протагонист во Југоисточниот Медитеран, сакаме Грција да е протагонист на Балканот, рече грчкиот премиер.

 

 

 

27.09.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега